БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Алое Вера

 

FDA (Food and Drug Administration) - прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека смериканската FDA е една од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот. Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи. Така во внатрешноста на листовите на алое вера има: витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е); минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакер, хлор, манган, хром, цинк; моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан; шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација; од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11 ; ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор; растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси; сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида. Со количеството на корисни витамини и минерали алоето ја делува имуностимулативно на човечкиот организам. Со почетокот на внесување на алоето преку дигестивниот тракт, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алое вера го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...