БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Бадем

 

Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Неодамнешните истражувања покажаа дека по грицкањето бадеми, чувството на заситеност и задоволство е присутно подолг период. Иако се доста калорични, од нив не се дебелее. Само неколку бадеми дневно обезбедува 35% од дневната потреба за витамин Е, и е одлична превенција од Алцхајмерова болест.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...