БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава.

 

Сушена Брусница

 

Брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини. Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе. Освен тоа, брусницата е веќе долго време позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а плодовите можат да се чуват и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења. Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото. Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...