БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Грав

 

Гравот има скоро идеален нутритивен состав. Тој е побогат со протеини и од месото. Најдобро е гравот да се консумира со житарици, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човекот, советуваат научниците. Гравот е извонреден извор на висококвалитени белковини, кои ги содржат сите потребни аминокиселини и претставува потполна замена за месо. Бидејќи не содржи метионин и цистин, гравот треба да се комбинира со житарици, како и со свеж зеленчук. На тој начин во организмот се внесуваат сите потребни есенцијални аминокиселини. Гравот го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно исфрлање. На тој начин, гравот го чисти организмот од токсини. Поради високата содржина на фолни киселини, гравот им се препорачува на трудниците за нормално развивање на плодот.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...