БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Кикиритки

 

Грицкањето кикиритки најмалку три пати во неделата може да го намали риизкот до срцев удар. Покрај тоа што го намалуваат лошиот холестерол, кикиритките ги спречуваат воспаленијата и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето. Научниците се согласуваат дека кикиритките можат да станат важно оружје во борбата против срцевиот удар. Во периодот на истражувањето кое траело 22 години, стручњаците набљудувале 6.000 жени со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Тие жени имале посебен режим на исхрана, а на секои четири недели пополнувале прашалник за начинот и навиките на користење на производите. Кога научниците ги споредиле резултатите, откриле дека жените кои јаделе кикиритки били позаштитени од срцев удар. Сепак, иако кикиритките се многу здрав производ, треба да ги консумирате во умерени количини, односно секој ден е доволно да јадете по еден грст кикиритки.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...