БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава.

 

Сушено Киви

 

Егзотични, вкусни и здрави. Под тенката лушпа се крие непроценливо богатство од здрави состојки. Зелената боја на кивите ги прави одлични за декорации на различни торти, но и привлечни да се консумираат свежи. Тие содржат многу голема количина на витамин Ц. Само еден плод содржи витамин Ц 120 отсто од препорачаната дневна доза. Во споредба со лимонот кој има 49 милиграми Ц витамин, во кивите има два до три пати повеќе во сто грама плод. Кивите содржат: Витамини од групата Б, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и влакна. Тие се одлична зимска храна за децата и старите. Имаат малку калории и некои ги применуваат во диети. Кивито е богато со растителни влакна, кои го подобруваат варењето. Одлични се за страсните пушачи поради големата количина витамин Ц. Помагаат во реакцијата на организмот против рани и фрактури на телото. Кивите се идеални за оние кои имаат висок крвен притисок.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...