БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Леблебија

 

Леблебијата е вид мешунка која претставува одличен извор на протеини. Содржи многу растителни влакна кои се заслужни за намалување на холестеролот. Истражувањата покажаа дека редновно треба да се консумираат овие мешунки , зошто многу бргу можат да го намалат нивото на холестерол. Леблебијата лесно се вари и благовремено делува на органите за варење. Се препорачува на луѓето кои стардаат од синдромот иритабилни црева. Леблебијата има и низок гликемски индекс, така да може да помогне во стабилизација на нивото на шеќери во крвта. Во оваа мешунка има и магнезиум, кој, како што покажаа последните истражувања, е одличен за регулирање на притисокот. Магнезиумот е неопходен и за пренесување на нервниот импулс и регулација на контракциите, односно опуштање на мускулите. Тоа значи нервите кои го контролираат работењето на срцето можат оптимално да работат само ако има доволно магнезиум во организмот. Магнезиумот, исто така има важна улога во врзување на калциумот за коските, па некои истражувчи остеопорозата ја поврзуваат повеќе со недостаток на магнезиум отколку со недостаток со калциум (затоа што во случај на недостаток на мгнезиум ниту калциумот не ќе може да се се апсорбира во организмот). Овој минерал учествува во регулирање на срцевиот ритам и снижувачкото ниво на холестеролот. Многу е важен за трудниците затоа што ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено пораѓање.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...