БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Леќа

 

Таа е богата со протеини и растителни влакна (100 грама сува леќа содржи 48% протеини и 46% влакна од препорачаните дневни потреби). И другите мешункасти плодови се најдобар извор на протеини. Лековитите својства на леќата се многубројни. Таа не содржи заситени масти, не содржи холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го намалуваат нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, додека нерастворливите влакна го забрзуваат метаболизмот на варењето и го скратуваат времето на задржувањето на храната во цревата. На тој начин го намалуваат ризикот од рак на дебело црево. Леќата содржи висок процент на витамини од групата Б, што поволно влијае на нервниот систем, на кожата и косата, додека високата количина на железо помага при слабокрвноста.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...