БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Макадамија

 

Бенефициите врз здравјето од консумирањето на макадамија оревите се повеќебројни: Макадамија оревите имаат сладок вкус и се богат извор на енергија. 100г ореви не снабдуваат со 718 калории, што е една од највисоките вредности помеѓу јатките. 100 г макадамија ореви на снабдуваат со 8.6 г или 23% од дневно препорачаното ниво на растителни влакна, а при тоа не содржат холестерол. Макадамија оревот е безглутенски и затоа е погоден за луѓе кои страдаат од целијакија. Макадамија оревот е богат извор на моно-незаситени масни киселини кои го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол во крвта. Медитеранската исхрана која е богата со растителни влакна, моно-незаситени масни киселини и антиоксиданти е позната како најповолна за одржување на добросостојбата на крвоносниот систем со што се избегнуваат срцеви заболувања. Макадамија се одличен извор на минерали како калциум, железо, магнезиум, манган и цинк. 100г макадамија ореви не снабдуваат со 3,6 микрограми на селен, кој е микроминерал заштитник на срцето и важен ензимски активатор. Макадамија се исто така богати со многу важни витамини од Б-комплексот. Во помала мера содржат витамин А и Е кои имаат антиоксидантно делување.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...