БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава.

 

Сува Слива

 

Сливите (суви или свежи) се богат природен извор на голем број на нутриенти како калиум, хранливи влакна, витамини К и Ц, а во трагови може да се најдат магнезиумот, железото и борот. Сите овие корисни нутриенти се јаки антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали кои може да ги оштетат клетките на ткивата и органите и да го нарушат здравјето. Сувите сливи ги уништуваат слободните радикали во крвта, а колку помалку слободни радикали, толку повеќе здравје. Во било кој облик сливата е богата со единствени фитонутриенти, неохлорогенски и хлорогенски киселини. Овие супстанции се класифицираат како феноли, а нивната улога на антиоксиданти во борбата против слободините радикали е потврдена во повеќе научни истражувања. Сувите сливи се познати по своето одлично дејство врз дигестивниот систем, но и врз здравјето на срцето и на крвните садови. Претходните студии утврдиле дека сувите сливи го намалуваат нивото на LDL холестеролот во крвта.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...