БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава.

 

Сушенa Смоква

 

Смоквата со својот нутритивен состав и лековити својства се издига над многу видови на овошје. Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови на овошје. 28% од влакната на смоквата се растворливи. Овој вид на растителни влакна помага во контролата на нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на холестеролот, врзувајќи го од цревата. Енергетската вредност на 100 грама сушени смокви изнесува 249 kcal / 1041 kJ. Од тоа содржи 64% јагленохидрати, 3,3% протеини и 0,9% масти. Од минерали, сувата смоква содржи: калиум (680 mg), калциум (162 mg), магнезиум (68 mg), фосфор (67 mg), манган (0,5 mg), железо (2 mg), селен (0,6 mg), бакар (0,3 mg) и цинк (0,5 mg). Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К. Во100 грама сув плод има 9,8 g влакна, 32 mg лутеин-зеаксантин.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...