БАКО

 

Нашите производи. Квалитет и вкус кој не се заборава!

 

Сончоглед

 

Семките од сончогледот се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Познато е дека семките на сончогледот го спречуваат зголемувањето на холестеролот во крвта. За време на бременоста го обезбедуваат организмот со незаситени масни киселини, кои се исклучително важни за развојот на плодот. Ја подобруваат работата на штитните жлезди и нормалната функција на кожата, црниот дроб и бубрезите. Големо значење има и витаминот Е кој се наоѓа во маслото на сончогледот, а помага и во заштитата од создавање на згрутчувања во крвните садови. Исто така, семките на сончогледот имаат и антиоксидационо дејство. Покрај останатите супстанции, сончогледот содржи и инулин, кој дејствува против болките во грлото, засипнатоста, бронхитот, воспалението на белите дробови и другите инфекции на бронхиите и белите дробови. Сончогледови семки се богати со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина. Омега – 3 масните киселини од сончогледот ја подобруваат текстурата на кожата и го спречуваат појавувањето на пигментациите на кожата и ги ублажуваат брчките.

<< Назад кон производи Дома

 

Ви се допаѓа? Контактирајте не...